Македонија
8. April 2021 - 20:41

За 1.717 лица се намалил бројот на вработени во јавниот сектор лани

За 1.717 лица се намалил бројот на вработени во јавниот сектор лани, за разлика од 2019 година-тврди министерот за информатичко општество.  Според извештајот во 2020 година имало 113,183 вработени во 1332 државни установи. Најмногу вработени има во дејноста образование, потоа следи здравството, управата, органите на државнат власт и вработени во комунални дејности, детска заштита и социјална политика.

Во 2019 година во органите на државна власт биле вработени 16 522 лица, а во 2020 година овој број е 15 945, што е намалување за 577 вработувања или три проценти. Но, ако како држава во 2020 година бележиме намалување на бројот на вработени во државниот апарат тоа не е случај со вработеноста во институциите во некои од клучните сектори како здравството и во детската и социјалната заштита.

Поголем број вработени во јавниот сектор се жени  и тоа 54,83 %, наспроти мажи кои се застапени до 45,17%. Просечната возраст на вработени изнесува 46 години. Високо образование имаат 53,62 %, а  2660 лица се доктори на науки.

Министерот рече и дека најголем дел од вработените преку к5 програма почнаа да одат на работа. Додаде и дека министерството планира да предложи и  законски измени во делот на аудио и аудиовизуелни меидумски услуги.