За 15,7 проценти повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид
Од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во периодот јануари - ноември годинава се превезени 1.661.010 патници, што претставува зголемување за 15,7 проценти во однос на истиот период лани.
Тоа, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски, е рекорден број на превезени патници што поминале на двата аеродрома во Македонија.
На скопскиот аеродорм во периодот јануари – ноември годинава се регистрирани 1.524.985 патници или за 13,9 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 1.338.470 патници.
Преку охридскиот аеродром, пак, во периодот јануари - јуни годинава се превезени 136.025 патници, или за 40,8 проценти во однос на истиот период од 2015 година кога биле превезени 96.585 патници.
Најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – ноември се: Истанбул 12,7 проценти, Цирих 10,1 процент, Виена 6,3 проценти, Базел 4,9 проценти, Малме 4,8 проценти и Лондон со 4,3 проценти.
- Рекордниот број превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-
Контродикторни информации за достапноста на Ивермектинот во македонските аптеки
-
Милошоски тврди - Во Собранието има пратеник кој е осуден за силување
-
Филипче бара 200.000 вакцини од кинески Синофарм
-
Законот за попис стапи на сила, ДЗС најавува методологија и пописен лист за 10 дена
-
Милошоски: Во Собранието седи пратеник осуден за силување, законот мора да се промени
-
Тема на денот: Која вакцина нуди најдобра заштита
-
Сметководителите на протест пред Владата бараат одложување на роковите за финансиските извештаи
-
Филипче бара 200.000 вакцини од кинески Синофарм