Македонија
13. May 2019 - 16:20

За 15 дена конечно ќе се вози по автопатот Миладиновци-Штип

За 15тина дена автопатот Миладиновци-Штип ќе биден пуштен во употреба, уверува директорот на Државни патишта, откако неговото отворање неколку пати досега беше пролонгирано поради недовршените градежни работи. Китанов вели дека треба да се постават уште заштитни мрежи на десетина километри од автопатот. Главна причина за одоговлекувањето, според него, биле мрежите и незавршените сервисни патишта.

-На неколку места ќе има времен режим на сообраќај, каде што ќе се прават клучките за помошните населени места и  сервисни патишта за граѓаните да можат да одат до своите парцели. И за два-три месеци ќе почне да се прават патарините, но тоа се две-три места со времен режим на сообраќај, останатото и сега си функционира од Штип до Кадрифаково. Останува делот кон Свети Николе и Миладиновци, вели директорот на Јавното претпријатие за Државни патишта, Зоран Китанов.

Китанов вели дека дополнително ќе се прават консултации, дали ќе се менува трасата на експресниот пат Штип-Кочани, откако викендов беше откриен ранохристијански комплекс и остатоци од ранохристијанска базилика. Посочи дека тој пат најмногу го кочела експропријацијата, но оти и таа е при крај.

Според архиелозите, само мал дел од откриениот локалитет се наоѓа на трасата, па можно е таа да се помести за неколку метри.