Македонија
12. December 2018 - 16:27

За 10-тина дена обвинителството ќе објави детали за бегството на Груевски

Повеќе од еден месец по бегството на екс премиерот Груевски, обвинителството се уште ги прибира доказите. Од таму велат дека првите резултати ќе бидат познати за две недели

Новинар на “Гардијан” вчера на својот профил на Твитер ја објави првата слика на Груевски во Будимпешта, откако му беше одобрено барањето за азил. Од обвинителството велат дека и таа ќе биде предмет на анализа.

Рускоска вели дека се уште не е утврдено како Груевски ја напуштил зградата во која што живее и кога се случило тоа.

Груевски повеќе од еден месец се наоѓа во Унгарија. Тој побегна од Македонија, каде Судот го осуди на 2 години затвор за случајот Тенк.