Македонија
5. August 2022 - 12:18

За 10 дена нови цени на лебот во Штип

Штипските пекарници се уште лебот го продаваат по стари цени, но најавија дека тоа за 10-ина денови ќе се смени. Повисоката откупна цена на лебното зрно, двојно зголеменетите сметки за електрична енергија, велат ги принудија да размислуваат за покачување на цената за два денари по векна.  Граѓаните сметаат дека поскапувањето дополните ќе удри по и така тенкиот семеен буџет, но и дека во време на енергетска и економска криза тоа е неминовно.

-Не само лебот, се се покачува автоматски, почнувајќи од бензинот, се си повлекува, така што не знам до каде ќе оди вака. Семејниот буџет се знае колкав е. Осиромашување, не може друго ова да значи, осиромашување.

-Ништо, ние пензионерите ептен паднавме, со 12 000 пензија, да треба се да платиш, а сакаш и да јадеш, што ќе правиш.

-Тешко ќе биде, не знам како ќе се преживее.

-Сиромаштијата е се поголема, не само лебот се друго вртоглаво се качува и веќе има граѓани што не можат да го издржат тоа, анкета штипјани.

Во моментот најниската цена на лебот во зависност од видот и тежината изнесува 29 денари. Штипјани стравуваат дека вистинскиот ценовен шок допрва ни претстои, во текот на зимските месеци, кога ќе пристигнат сметките за сттруја по нови покачени тарифи.