Балкан
23. July 2018 - 21:09

Вжештен обрач околу Атина: Огнената стихија го сардиса градот, горат куќи и автомобили, населeнието се евакуира

Од двете страни на грчката престолнина Атина беснеат шумски пожари во кои се запалени куќи, граѓаните бегаат, а евакуирани се детските летни кампови, а над Атина паѓа пепел и небото е темно портокалово од чадот, наведува АП.

Се наведува дека првиот пожар денеска избил во боровата шума во планината Геранеја близу населбата Кинета, на 50 километри западно од Атина, на подрачјето меѓу грчкиот главен град и Коринт. Против огнот се борат најмалку 150 пожарникари, и 5 авиони кои испуштаат вода и уште 7 хеликопетри кои помагаат од воздух.

Напорите на пожарникарите ги отежнува силниот ветар кој често менува правец. Поради пожарот се евакуирани три населби и затворени делници од речиси 20 километри од два автопати кои го поврзуваат Пелопонез со централна Грција. Поради густиот чад видливоста на намалена на само неколку метри.

Грчката телевизија Скај прикажа снимки од кои се гледа дека неколку куќи се во пламен, како и луѓе како со вода од градинарските црева се обидуваат да си го спасат имотот, додека други бегаат со автомобили и мопеди. Неколку часа по избивањето на пожарот, пепелта почнала да паѓа по центарот на Атина.

https://

АП наведува дека друг пожар избил во текот на попладневните часови во областа пентели североисточно од Атина. Локалните власти соопштија дека се евакуираат детските летни кампови, и дека огнот уништил куќи и автомобили.

Се наведува дека од чадот поцрнело небото над грчкото пристаниште Рафина, од каде тргнуваат траекти кон некои од островите на Киклада.

Грчките власти објавија дека трет пожар избил во јужниот дел од островот Крит и дека гори земјоделско подрачје и шуми.

Агенцијата АНА пренесува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас кој се наоѓа во Моста, константно прима информации за пожарите кои дивеат на Атика, и е во постојана комуникација со министерот за цивилна заштита Никос Тоскас, кој изјави дека овие пожари „воопшто не се наивни“ и дека е посебно тежок оној во Кинета.