Свет
8. December 2017 - 14:08

Вулканот Агунг исфрла чад во висина од два километри

Вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали исфрли денеска густ чад во висина од два километри, соопшти Националната агенција за одговор при катастрофи и несреќи.

- Степенот на тревога останува на највисоко ниво, но меѓународниот аеродром работи нормално, изјави портпаролот на агенцијата.

На 27 ноември индонезиските власти го кренаа нивото на закана на највисок можен степен и наредија евакуација на речиси 100.000 луѓе.