Балкан
25. September 2021 - 18:27

Вулин: За војна е доволно да имате една будала, се плашам дека таа будала се одзива на името Курти

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин во телевизиско интервју утрово изјави дека хеликоптерите имаат право да надлетуваат било каде на територија на Србија.

„За мир се потребни барем двајца, а за војна е доволно да имате една будала, а се плашам дека таа будала ја имаме од другата страна, седи во Приштина и се одзива на името Курти“ – вели Вулин.

Тој вели дека Србија има причини за згриженост.

„Луѓето кои ја водат Приштина се големи кукавици и од нив можете се да оечкувате“ – вели министерот.

Тој уште дополнува дека Србија знае што сака и уште појасно знае што не сака.