Балкан
28. January 2017 - 13:05

Вулин: Балканскиот пат на мигрантите е затворен само на хартија

Српскиот министер за труд и социјални прашања Александар Вулин изјави денеска дека Србија во моментов има седум илјади мигранти и оти за сите има место во прифатните центри, јави Танјуг. 

- Во Брисел некои на хартија ја затворија западнобалканската маршрута, но мигрантите продолжуваат да пристигнуваат и Србија беше принудена да испрати на границите со Бугарија и Македонија обединета патрола од војници и полицајци, рече Вулин. 

Тој истакна дека во прифатните центри за мигрантите им слободни места, но сите мигранти преферираат да престојуваат во бараките во Белград.

Според него таму тие се надеаат дека полесно ќе воспостават контакт со нелегалните трговци, бидејќи во бараките може да влезе, секој, а во прифатните центри строго се контролира влезот и излезот.