Вук Драшковиќ: Нападите на НАТО можеа да бидат избегнати
Поранешниот вицепремиер на СР Југославија и министер за надворешни работи на државната заедница Србија и Црна Гора и актуелен лидер на Српското движење за обнова (СПО), Вук Драшковиќ денеска изјави дека „војната со НАТО (во 1999 година) неспорно би била избегната, доколку бил потпишан договорот во Рамбује“ за Косово.
– Доколку (Слободан) Милошевиќ ја прифатеше првата верзија од понудениот договор, Албанците ќе ја одбиеја и ќе беа притиснати од Западот се додека не ај прифатеа… Но, Милошевиќ го одби договорот, изјави Драшковиќ за весникот „Блиц“ по повод одбележувањето на 20-годишнината од воздушните напади на НАТО врз поранешна СР Југославија.
Драшковиќ наведува дека косовските Албанци попуштиле, бидејќи не сакале „да бидат пречка за бомбардирањето“, по што во Белград дошол американскиот дипломат Ричард Холбрук, кој на Милошевиќ му нудел „писмени гаранции дека Косово ќе остане во Србија“.
– Тој тоа го одби, по што Холбрук го праша: Знаете ли што следи? Милошевиќ ладнокрвно му одговори: Знам, следат НАТО бомбите, изјави Драшковиќ.
Според него, Милошевиќ не сакал да биде постигнат договор, туку „само глумел дека го сака тоа“.
Запрашан дали подоцна дознал нешто за тој период и за војната, а што не го знаел во тоа време, Драшковиќ одговара дека не знаел оти биле убивани албанските цивили и нивите тела биле „тајно носени во Србија и тајно погребувани во полициските бази во Белград, во реките и езерата“.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај