Вујовиќ: Предноста од четири голови е убава, но ништо не е решено
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е задоволен од победата над ППД Загреб извојувана на домашен терен во првиот четвртфинален дуел од регионалната ракометна СЕХА-лига.
– По првото полувреме кое го добивме со 14:12 им реков на моите играчи дека би сакал и во вторите 30 минути да направиме два разлика и ан крајот да биде четири гола предност. Четири е сериозна разлика. Повеќе сакам да победам четири, отколку пет, бидејќи пет голови предност те опуштаат, мислиш си направил голема предност, а четири е една психолошка предност каде размислуваш дека треба уште многу да се потрудиш. Ништо не е решено. Ни претстои уште многу борба. Загреб е одлична екипа, а ние можеме да играме подобро, изјави Вујовиќ.
Вардар синоќа во Скопје победи со 24:20.
Реваншот во хрватската престолнина е закажан за 31 август со почеток во 20 часот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица