Ракомет
21. January 2018 - 18:22

Вујовиќ откри зошто застанал на голот по спорната одлука на судиите

На 11 секунди до крајот, Блаж Јанц постигна гол за 25-24, а потоа следуваше драма и прегледување на видео снимка. По тоа, арбитрите од Литванија донесоа одлука да му доделат црвен картон на Благотиншек и да досудат пенал за реми на Германците.

-Кога претставниците на ЕХФ доаѓаат во нашата земја, ги пречекуваме како лордови – скапи автомобили, хотели, храна, музика… Но, на ова Европско првенство премногу ни наштетија на дуелот со Германија. Правилото е доколку физички му посметаш на својот противник во последните 30 секунди, дури тогаш ќе биде досуден седмерец. Нас ни зедоа 1.000-2.000 евра за жалба, а потоа не известија дека немаме право на жалба. Голманот на Германија го влечеше судијата за маичката и буквално го натера да ја прегледа снимката. Директорот на репрезентацијата слезе на терен, а таму не му е дозволен пристап. Знам дека не може да се поништи натпреварот, но барем да се признае грешката и да се суспендираат литванските судии. Да не биде на крај дека само Вујо плаче. Во тој момент застанав на голот да ја одбранам честа нашата чест, но и честа на „малите“ земји , вели Црногорецот.