Кошарка
29. November 2016 - 19:03

Вујошевиќ: Успехот на Звезда се градеше врз Партизан

Поранешниот тренер на КК Партизан, Душан Вујошевиќ во интервју за Партизан.нет  се осврна на односот кон својот некогашен клуб но и многу други теми во српскиот спорт. 

Според Вујошевиќ кој сега работи во Франција политиката активно се замешала во рушењето на Партизан за да и овозможи на Ц.Звезда да се дигне од апатичната ситуација во која беше со години: „ Можеше да има два силни клуба, не мораше да се руши Партизан“ смета Вујошевиќ кој потенцираше дека српскиот премиер Александар Вучиќ е голем навивач на Црвена Звезда  и дека најголемите проблеми ги направиле луѓе од неговото окружување кое ги нарече „улизици“. 
Вујошевиќ направи споредба со состојбата во Франција каде работи: „ Тука нема политика се е насочено кон успех со што помалку пари. Секој си ја работи својата работа“-смета трофејниот тренер кој потврди дека поради здравствените проблеми и лошата состојба на бубрезите морал да замине од Србија. 
Во Франција редовно оди на дијализа но квалитетна со други супстанци а не како во Белград. 

"Јас го сакам Партизан, но не сметак дека луѓето кои се таму инсталирани и поставени се добри. Некој од сенка ја води целата приказно, некој кој го симболизира оној Партизан кој мене ми пречи“

.

https://