Џет-Сет
7. January 2017 - 13:17

Вуди Харелсон во новото продолжение на „Војна на ѕвездите“

Актерот Вуди Харелсон најверојатно ќе има улога во следниот филм „Војна на ѕвездите“.

Иако преговорите се уште се во рана фаза, Харелсон е првиот избор за Хан Соло во „Војна на ѕвездите“, во кој ќе играат и Доналд Гловер и Емилија Кларк, а режијата е на Фил Лорд и Крис Милер.

Продуцентки на филмот се Кетлин Кенеди и Алисон Ширмур. Харелсон и Ширмур соработуваа во филмот „Игра на гладта“.

Премиерата на новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ е предвидена за 25 мај 2018 година.