Вучиќ: Западен Балкан и е потребен на ЕУ, колку што е ЕУ на регионот
Оној кој не гледа дека регионот и е еднакво потребен на Европската унија, колку таа нам, не ја разбира добро иднината на европската политика, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата посветена на западен Балкан во Женева.
– Кога мислите дека сте на врвот на моќта, кога уживате во свои бањи, фонтани…тогаш не забележувате колку некои други се гладни, жедни, и колку го сакаат тој простор и се друго, изјави Вучиќ.
Тој вели дека не го разбира сосема ставот на ЕУ дека десет земји од Еврозоната наводно издржуваат уште 17 земји, кои се членки на ЕУ, па тоа го користат како аргумент дека не им се потребни уште четири, пет или шест земји од Западен Балкан.
Сепак, Вучиќ оцени дека не треба да и држиме предавања на Европа и оти во прашање е нивна одлука, а дека тој е подготвен пред српските пратеници да зборува за она што се случува во Европа и светот.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот