Вучиќ: Во Србија е подготвуван заговор против Црна Гора
Во Србија се подготвувани незаконски акции против Црна Гора и имаме цврсти докази дека тука има група, која го следеле премиерот Мило Ѓукановиќ, изјави на синоќешната седница на Бирото за координација на безбедносни служби српкиот премиер Александар Вучиќ.
Тој наведе дека криминалците го следеле Ѓукановиќ со високотехнолошки методи и оти тие не се поврзани со српските државјани уапсени во Црна Гора на денот на изборите, пренесува Б92.
- Одредени лица го следеле движењето на црногорскиот премиер и секоја секунда информирале други лица, кои требало да дејствуваат, посочи Вучиќ.
Тој додаде дека Србија има цврсти материјални докази за таквите тврдења и дека се одземени околу 125.000 евра, униформи и други работи и сето тоа сопственост на државните органи на Србија.
- Лицата кои подготвувале илегалнни дејности во Црна Гора се под контрола на државните органи на Србија и Црна Гора е информирана за тоа, посочи Вучиќ.
Тој додаде и дека во целиот случај не се вмешани политичари од Србија и од Црна Гора, туку дека станува збор за криминалци.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација