Вучиќ тврди дека бил против згаснување на „Танјуг“
Српскиот премиер Александар Вучиќ нагласил на седница на Владата дека е разочаран со она што се случило со Танјуг и остро го критикуваше министерот за култура Иван Тасовац поради одлуката за згаснување на новинската агенција.
– Сакам да кажам поради историјата и стенограмите колку сум разочаран од она што се случило околу Танјуг. Ти и Саша Мирковиќ ме убедувавте дека тоа е важно, потребно и реформски. Сакам да кажам дека бев против згаснување на Танјуг, нагласи Вучиќ на седница на Владата.
Премиерот на Србија навел дека Тасовац не ја бранел одлуката туку само кусо објаснување од Мирковиќ кој се повикува на точка 141 од Закон за информирање.
– Ти Тасовац не подметна свој грб, го подметна мојот како и обично што правиш, заклучил српскиот премиер.
Српски медиуми јавија вчера дека агенцијата Тајнуг од 31 октомври според Закон за информирање згаснува по 72 години работа откако во два наврата не беше приватизирана. Вработените ќе добијат отпремнина, но засега Агенцијата работи бидејќи се уште не е официјална одлуката на Владата за престанок на работата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација