Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора
Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат за надворешно-политичките можности, односите во регионот со посебен осврт на неодамнешните настани со Црна Гора.
Можно е, според извор на Блиц, претседателот Вучиќ, без оглед на мерките за реципроцитет, откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор, да побара смирување на страстите, не само поради големиот број Срби во таа земја, но и поради положбата на Србите во регионот.
Состанокот е закажан за во 18 часот во зградата на Претседателството на Србија.Најпрво амбасадорот на Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, беше прогласен за персона нон грата и од него беше побарано да ја напушти Црна Гора. Неколку часа подоцна пристигна првата реакција од Србија, која воведе реципрочни мерки. Според дипломатската нота испратена од Министерството за надворешни работи на Србија до Министерството за надворешни работи на Црна Гора, амбасадорот на Црна Гора во Белград, Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.
Ново на Сител
-
Бектеши: Пратениците да го усвојат предложениот закон за заем од Светска банка за енергетска ефикасност
-
Важноста на истечените пасоши на нашинците во странство ќе биде продолжена до крајот на годината
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 457 пациенти
-
За евентуално нови рестриктивни мерки, Владата ќе ја чека Комисијата за заразни болести
-
Заев не сака да ги коментира пишувањата за Фрчкоски додека не завршат постапките за амбасадори
-
Заев: Нема причина за одложување на пописот
-
ЕУ воведува обврска за известување за платите на жените и мажитe
-
Касперски: Вакцини против Ковид-19 се продаваат на црниот пазар