Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора
Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат за надворешно-политичките можности, односите во регионот со посебен осврт на неодамнешните настани со Црна Гора.
Можно е, според извор на Блиц, претседателот Вучиќ, без оглед на мерките за реципроцитет, откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор, да побара смирување на страстите, не само поради големиот број Срби во таа земја, но и поради положбата на Србите во регионот.
Состанокот е закажан за во 18 часот во зградата на Претседателството на Србија.Најпрво амбасадорот на Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, беше прогласен за персона нон грата и од него беше побарано да ја напушти Црна Гора. Неколку часа подоцна пристигна првата реакција од Србија, која воведе реципрочни мерки. Според дипломатската нота испратена од Министерството за надворешни работи на Србија до Министерството за надворешни работи на Црна Гора, амбасадорот на Црна Гора во Белград, Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.
Ново на Сител
-
МЗТ Скопје го декласира Ловќен
-
Со автоматска пушка изрешетани две млади лица во Топанско Поле
-
Јавното Обвинителство се уште го истражува бегството на Мијалков
-
Заев: Првите 3000 дози вакцини ќе пристигнат до крајот на неделата
-
Османи: Постои техничка можност Бугарите да влезат како етничка заедница во резултатите од пописот
-
Молдавија е првата европска земја што доби вакцини против коронавирус од глобалната програма Ковакс
-
Ливерпул по поразот од Челзи е се подалеку од пласман во ЛШ
-
Барди и Левенте елиминирани во полуфиналето на „Копа Дел Реј“