Вучиќ: Србија веќе донесе одлука за увоз на нафта, утре ќе се обратам на јавноста
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија веќе донела одлука за увоз на нафта доколку поради Хрватска не може да се снабди со руска нафта преку хрватскиот гасовод Јанаф и дека утре ќе ја информира јавноста за тоа, како и одговорот на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
– Хрватска себе се иззема од санкциите за увоз од Русија како дел од последниот пакет санкции и затоа не треба да зборува за принципи и морал, изјави српскиот претседател кој истакна дека гасоводот Јанаф беше сигурен снабдувач, но веќе не е, додавајќи да Србија плаќала од 45 до 48 милиони евра годишно за неговото користење и дека сега на Белград е да ги преземеме следните чекори за обезбедување на нафта. Вучиќ одговарајќи на новинарски прашање поврзано со санкциите оцени дека „Србија, вовела или не вовела санкции, веќе е дел од Европската политичка заедница“.
– Имаше многу од нив кои зборуваа за санкции, но никој директно. Сите јавно бараат од нас да воведеме санкции кон Русија, јас тоа го разбирам и прифаќам како политички легално и легитимно барање. Воведовме или невоведовме санкции, ние сме дел од Европската политичка заедница. Како што видовте, ние не ги воведовме, така што бевме дел, многу важен дел бидејќи во нашиот панел (во Прага) беа канцеларот на Германија и премиерот на Италија и претседателот на Швајцарија и премиерот на Норвешка, токму таму каде што бев, иако не го избравме она за кое најмногу се зборува, што носи најмалку решенија, а тоа е мирот и безбедност, туку ние бевме на енергетскиот форум, рече Вучиќ.
Во врска со утрешното обарќање на јавноста на српскиот претседател, се огласи премиерката Ана Брнабиќ објаснувајќи ја својата претходна изјава дека Србија „ќе мора да донесе стратешки одлуки и стратешки да преиспита некои работи“ поврзани со енергетиката, најавувајќи дека во текот на денот ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за да разговара и за тоа, и дека верува дека в сабота за тоа ќе зборува и Вучиќ.
– Веројатно, како што сега сите земји градат алтернативни рути, „гасоводи и тоа“, мора да се обидеме да создадеме алтернативни патишта за нафта, бидејќи имаме несигурен снабдувач и земја која сака да ги користи енергетските капацитети за политички цели, рече Брнабиќ и посочи дека тоа е нејзино гледање на ситуацијата и дека не може однапред да зборува за денешната средба со Вучиќ.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка