Балкан
20. October 2015 - 18:42

Вучиќ: Србија никогаш нема да гради ѕидови за заштита од имигранти

Србија не планира да се оградува со ѕидови за заштита од проникнувањето на имигранти, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ.

- Каква и да е ситуацијата, ќе држиме се под контрола. Нема да убиваме никого - ниту животни, ниту луѓе. Сите нека се оградат со ограда од бодликава жица - Србија нема да издигне ниту еден метар, рече Вучиќ во градот Љубовија на границата со БиХ, каде почна изградбата на мост на реката Дрина.

Вучиќ призна дека „цел час не можел да се соземе“, откако видел срни, приклештени во ограда од бодликава жица. Многу еколози се противат на такви огради, во кои често гинат и диви животни.

Српскиот премиер рече дека според последните податоци на територијата на Србија во моментот се наоѓаат 12.310 имигранти. Тој изјави дека независно од големиот број илегални имигранти, кои преминуваат преку земјата, српските власти ниту еднаш не употребиле сила против нив со солзавец, што според него ја покажува нивната „човечност, трпеливост и солидарност“.