Балкан
2. March 2016 - 11:18

Вучиќ: Србија не сака во НАТО

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека во Србија нема да се одржи референдум за НАТО, бидејќи земјата ниту изразила желба да пристапи кон таа воена алијанса.

- Србија не сака во НАТО, туку сака да биде воено неутрална, рече Вучиќ за РТС.

За спогодбата, која неодамна беше ратификувана во Парламентот рече дека не е спорна, како и дека станува збор за техничка спогодба која во 2006 година ја потпишале „големите патриоти, кои сакале да ја фрлат Србија во минатото и кои денеска солат памет“. 

- Ништо лошо не сторивме, го правевме најдоброто за нашата земја, нагласи Вучиќ и додаде дека почнала една хистерична кампања, чија цел е поделба на Србија, а на која тој планира да и се спротивстави.

- Нашата политика е да ја сакаме Србија, ги почитуваме САД и Русија, одиме во ЕУ, но ја сакаме Србија пред се, нагласи Вучиќ.