Вучиќ: Србија денеска престанува да сонува, разбира дека ќе биде дел од ЕУ
Србија денеска престанува да сонува соништа, Србија денеска разбира дека ќе биде дел од ЕУ, но на нас е со својата работа, трудољубивост и енергија да го одредиме влезот во ЕУ, изјави вечерва во Брисел српскиот премиер Александар Вучиќ.
Во разговор со новинарите пред меѓувладината конференција ЕУ-Србија, премиерот им честиташе на граѓаните и истакна дека денеска е вистински голем и важен ден за Србија.
- Во периодот пред нас, земјата ќе ја уредиме по највисоки можни стандарди, демократски стандарди, со посилни институции, а ќе се избориме и против корупцијата и криминалот низ помодерен систем на правосудство, рече тој.
Пред нас не е лесен период, но отворивме преговори, добивме датум, токму благодарение на нашата работа, рече Вучиќ.
Србија денеска на меѓувладината конференција во Брисел ќе ги отвори првите две поглавја во преговорите со Европската унија, со што ќе почне нова фаза во процесот на европските интеграции.
Српската делегација на втората меѓувладина конференција, на која ќе бидат отворени Поглавјето 32, кое се однесува на финансиската контрола и Поглавјето 35, посветено на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, ќе ја предводи премиерот Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“