Балкан
17. October 2020 - 15:33

Вучиќ: Состојбата во Србија е подобра од 95 отсто од европските земји

Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи за пандемијата на корoнавирусот во Нови Сад, рече дека ситуацијата во Србија е релативно добра и многу подобра отколку во 95 проценти од европските земји.

„Верувам во сите лекари, благодарение на кои имавме исклучителни резултати“, изјави Вучиќ пред новинарите.

„Наша работа е да се бориме за нашиот народ да биде здрав и жив“, додаде тој.