Loading Video...
Балкан
4. April 2022 - 16:29

Вучиќ со убедлива победа во Србија, Орбан освои нов мандат во Унгарија

Нов петгодишен мандат за Вучиќ и прослава во негов стил.

Вучиќ убедливо победи на претседателските избори со освени 58 проценти од гласовите, а коалицијата предводена од неговата партија СНС доминираше и на парламентарните избори со освоени 121 мандат од вкупно 250 пратенички места. На второ место опозициската Обединети за Србија која доби 36 мандати. Партијата на  Дачиќ, лојалниот партнер на СНС, освои 32 пратеника. Најголемо изненадување се помалите десничарски партии, Двери, коалицијата НАДА и Заветници,  кои на контото на големите партии, сите заедно освоија околу 35 места, а зелените Морамо 12. На овој феномен се осврна и Вучиќ во победничкиот говор.

Ривалот  на Вучикќ, Понош порача дека опозицијата нема да чека 4 години за следните избори и дека гласачите покажале дека има надеж за промени.

Борбата за Белград е избалансирана. За советниците на Градското собрание најмногу гласови сепак освоила листата на СНС И СПС,  56 мандати од вкупно 110 места. Додека пак опозиционалната листа на Владета Јанковиќ ќе има 26 мандати, но најавена е можност за коалицирање со помалите партии

Изборите во Србија имаа излезност од 58,6 проценти, а во Унгарија излезноста беше 67 проценти. И таму победи старата опозција на Виктор Орбан со неговиот Фидеш кој освои 53 насто од главите за разлика од проверопската опзиција за која гласаа 34 насто.