Вучиќ: С.Македонија е подготвена да влезе во иницијативата „Појас и пат“ за изградба на брзата пруга Атина-Скопје-Белград
Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлпулос во Атина изјави дека на средбата е разговарано и за подобрувањето на транспортните врски меѓу двете држави во рамки на кинеската иницијатива „Појас и пат“, за што имал и телефонски разговор со премиерот Зоран Заев.
– Пред неколку дена разговарав со премиерот на Северна Македонија, Зоран Зајев и тој кажа дека неговата земја е подготвена да се приклучи на иницијативата, рече Вучиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој на новинарите по средбата им посочи дека Грција има одлична пруга од Атина до Солун, но дека останал дел од Солун до Северна Македонија.
-Железничката пруга низ Северна Македонија е еднонасочна, тоа би требало да се промени. Мораме да промениме сè и да изградиме сè и подготвени сме да влеземе во тој аранжман во рамките на „Појас и пат“. Разговаравме со нашите грчки пријатели затоа што мислиме дека тие со ова би добиеле многу поголем број на туристи, изјави Вучиќ.
Изградбата на брзата пруга, како што наведе, од Белград до Ниш со возови што одат 200 километри на час, потоа од Ниш до границата со Северна Македонија, каде одат од 120 до 160 километри на час, би значело побрзо да се стигне до Халкидики и Солун.
На прашањето како Атина ја гледа иницијативата „мал Шенген“ со Северна Македонија и Албанија, Вучиќ кажа дека „не мисли дека Грција се меша во тоа, затоа што тој пазар е мал за нив“.
-За нив тоа е премалку, тие имаат поголеми цели, но можат да покажат почит и јас им се заблагодарувам за тоа, рече Вучиќ.
Во врска со кинеското влијание во регионот, Вучиќ кажа дека „ако за никого не е проблем тоа што во Хрватска, земја членка на ЕУ, Кинезите го градат мостот „Пељешац“, зошто е проблем кога Кинезите работат и градат во Србија“, прашал српскиот претседател, откако разговарал со неговиот грчки колега Павлопулос, чиј принцип на почитување на меѓународното право и националните интереси, го разбира целосно, додавајќи дека „никогаш не се случило во Србија да се добијат европски пари, па Кинезите да градат, како што беше случај со мостот „Пељешац“ во Хрватска.
Говорејќи за односите со Грција, Вучиќ рече дека Грците и Србите традиционално се сакаат меѓусебно, но сега треба да се стори повеќе за да се подобри соработката, како и дека Белград ќе ја има грчката подршка на патот на евроинтеграциите.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас