Балкан
30. May 2023 - 8:38

Вучиќ синоќа разговараше со Борел и Тајани, денеска закажа состаноци со амбасадорите на Квинта, ЕУ, Русија и Кина

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, синоќа телефонски разговараше со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и со потпретседателот на Советот на министри и министерот за надворешни работи на Република Италија, Антонио Тајани, а за денеска закажа состаноци со амбасадорите на Квинта, ЕУ, Русија и Кина, јави дописникот на МИА од Белград.

– Вучиќ во телефонскиот разговор со Борел и Тајани ги информираше соговорниците за она што се случува на Косово и Метохија и рече дека тоа го организирал Албин Курти и дека тоа сите го знаеме со денови, поради што ги замолил Борел и Тајани да го вразумат Курти. Претседателот Вучиќ, исто така, посочи дека Србија и Србите ќе направат се за да ги зачуваат мирот и стабилноста, соопшти прес службата на Вучиќ.

Српскиот претседател за денеска закажал средби со амбасадорите на земјите на Квинта-САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија, како и со шефот на делегацијата на ЕУ во Белград.

По нив закажана е средба и со амбасадорите на Руската Федерација и на Кина.