Вучиќ: Секој полнолетен граѓанин во Србија ќе добие по 100 евра помош од државата
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги претстави економските мерки за помош на економијата во надминувањето на корона кризата.
Секој полнолетен граѓанин на Србија ќе добие по 100 евра помош од државата – без оглед дали е вработен, невработен или пензионер. За ова ќе бидат издвоени 520 милиони евра од буџетот на земјата.
Со ова, Србија сака да им помогне да своите граѓани полесно да ја надминат кризата.
За фирмите кои нема да отпуштат над 10 проценти од вработените, може да сметаат на економска помош.
Понатаму, на секој фризер, чевлар, пекар..., на сите вработени во нивните компании, државата ќе им исплати минимална плата. Фризерот не може во овој момент да заработи пари, но ќе има да плати минималец и за себе и за неговиот вработен.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа рече дека доколку однесувањето на граѓаните не се промени, тој ќе биде подготвен следната недела да и предложи на владата воведување на 24-часовен полициски час.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи