Loading Video...
Свет
5. May 2021 - 16:32

Вучиќ: Секој граѓанин на Србија кој има над 16 години ќе добие 25 евра ако веќе примил вакцина или планира да се вакцинира

25 евра ќе добие секој граѓанин на Србија кој има над 16 години а веќе примил вакцина, или планира тоа да го стори до крајот на месецов, изјави претседателот Александар Вучиќ.

Станува збор за дополнитела финансиска помош покрај веќе најавената од 60 евра.

Дополнително имунизираните граѓани и оние кои примиле прва доза вакцина ќе добијат и сертификат за патување и платено боледување. Целта, вели Вучиќ е што поскоро да се стекне колективен имунитет во земјата. Според неговите информации до сега се пријавиле повеќе од 5 милиони лица за вакцинација.