-->
-->
Вучиќ: Сега е јасно дека Албанците не сакаа компромис, туку напад врз Србите и Република Србија
-->
Денес, после многу години заканување, и официјално е формирана таканаречената војска на Косово, на нелегален и незаконски начин, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ, на вонредната прес-конференција по повод денешните настани.
- Сè што сторија Албанците, го сторија во спротивност со меѓународното право и во спротивност со својот највисок правен акт, Уставот, како што велат тие, на Република Косово. Покажаа дека никогаш не им било до правото и правдата, туку до реализирање сила, напад врз Србите и нескриен напад врз Република Србија, рече претседателот Вучиќ.
Вучиќ додаде дека Белград водел дијалог бидејќи сака компромис.
- Сега е јасно дека Албанците не сакаа компромис, и за сè што тие прават имаат поддршка од САД, Велика Британија и Германија, додаде Вучиќ.
Претседателот на Србија вечерва истакна дека е создадена атмосфера што ја гази и уништува Србија. Тој во изјавата рече дека Србија се префрла на мирна демократска политика, која се обидува да ги заштити своите државни и национални интереси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата