Вучиќ се огласи по пресудата за Ратко Младиќ и прати порака на граѓаните на Србија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по повод пресудата на поранешниот генерал Ратко Младиќ порачал на граѓаните на Србија дека мора да почнат да гледаат во иднината.
- Јас сум претседател на Србија и немам право да толкувам неправосилни пресуди. Знам дека емоциите зовреа во регионот, Србија жали за жртвите и ги почитува загубите, како што знам дека никој нема да жали за нас. Сите мора да се погрижиме да одиме напред.
- Ова е повик на сите граѓани на Србија да почнат да гледаат во иднина и да гледаат на тоа како ќе живеат нашите деца, да го зачуваме мирот во регионот, отвараме фабрики, да не се гушиме во солзите на минатото.
Истакнал дека ова е емотивен ден за генералот и неговото семејство, за семејствата на жртвите.
- Денес не е ден ни за среќа ни за тага, сите треба да се преиспитаме каква е нашата иднина, кој мисли да застане на патот на Србија на отворената врата гадно се лаже - нагласил претседателот на Србија.
Потенцира дека Србија секогаш ги почитувала загубите на другите, но тоа не е случај и со српските жртви.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи