Балкан
1. October 2018 - 13:38

Вучиќ пристигна во Москва - утре состанок со Путин

 Рускиот претседател Владимир Путин утре во Москва ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што ќе се разговара за соработката меѓу двете земји, балканскиот регион и меѓународната состојба.
 
Кремљ денеска и официјално ја потврди средбата која се најавуваше повеќе месеци.
 
Вучиќ најави дека една од темите на разговор ќе биде состојбата на Косово, каде тој и косовскиот претседател Хашим Тачи го отворија прашањето за менување на границите, а во текот на викендот имаше сериозен безбедносен инцидент околу езерото Газивода.
 
- Растечките тензии на Балканот ќе бидат една од темите за разговор, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на Путин, додавајќи дека сепак средбата била планирана подолго време и не е директно предизвикана од балканските тензии.