Вучиќ: Обединувањето на Албанија и Косово останува само во сферата на желбите
Српскиот премиерАлександар Вучиќ, кој е избран за претседател на земјата, денеска наведе дека изјавите на премиерите на Албанија и на Косово, Еди Рама и Хашим Тачи, за обединување на Албанија и Косово, во случај да избледат перспективите за членство во ЕУ, остануваат само во сферата на желбите, и при тоа ги замоли протагонистите да не зборуваат такви работи, бидејќи тоа не придонесува за добрите односи во регионот.
Новоизбраниот српски претседател нагласи дека на сите им е јасно дека тоа нема да се случи, независно од нечии желби.
- Нема да навредуваме никого, нема да се закануваме со никакви изјави. Ајде да мислиме пред се на економскиот напредок на Србија, истакна Вучиќ.
Тој изјавите на Рама и Тачи ги оцени како закани, бидејќи, како што објасни, „не може да има обединување на сите Албанци без конфликт во неколку држави“.
Вучиќ ја повика Европската Унија да излезе со јасни ставови за случувањата во регионот.
- Ако јас кажам нешто за обединувањето на сите Срби во регионот, во Брисел ќе ме закачат на јарбол место знамињата што се кренати таму, потенцира Вучиќ.
Ново на Сител
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори