Балкан
28. December 2018 - 9:39

Вучиќ: Нема за што да разговарам со претставници од Приштина

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави синоќа дека нема ништо да им понуди на граѓаните во врска со решавањето на косовското прашање, бидејќи нема за што да разговара со претставниците на Приштина.

Тој додаде дека тие секојдневно „донесувале мерки против српскиот народ“. Вучиќ исто така изјави дека не знае како некој смислил оти „решението било на повидок и дека ќе биде потпишано во Вашингтон“.

Претходно косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека сеопфатниот договор за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград ќе биде потпишан во Белата куќа во Вашингтон, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп.