Вучиќ: Нема предвремeни парламентарни избори во Србија
Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС) на денешната седница донесе одлука да не иницира распишување предвремени парламентарни избори, соопшти вечерва партискиот лидер и актуелен претседател на Србија, Александар Вучиќ.
По завршувањето на седницата Вучиќ им се заблагодари на членовите на Претседателството затоа што „речиси едногласно, со два гласа против“, го поддржале неговиот став дека „државниот и националниот интерес е поважен од партискиот“.
Тој нагалси дека Претседателството на СНС донео одлука „со сета своја сила, решителност и храброст да се бори за победа“ на претстојните избори за органите на локалната власти во Белград.
- Не беше поддржано одржување на предвремени парламентарни избори и покрај фактот што на самата расправа имаше еднаков или нешто поголем број лица кои беа за распишување вонредни парламентарни избори, нагласи Вучиќ.
Пред почетокот на денешната седница, членот на Претседателството на СНС и директор на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека очекува исцрпна дискусија, а околу можноста за одржување предвремени парламентарни избори, тој нагласи дека за тоа прашање ќе решава ова партиско тело.
Српската министерска за градежништво, транспорт и инфрастуктура Зорана Михајловиќ истакна дека таа лично е за одржување на предвремени парламентарни избори, но оти смета дека на денешната седница главна тема ќе бидат изборите во Белград.
Потпретседателката на СНС, Марија Обрадовиќ пред седницата само кусо одговри дека доколку биде покренато прашањето за предвремени избори за членови на Собранието на Србија, таа ќе се изјасни за нивно одржување.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари