Вучиќ не очекува заеднички притисок од САД и ЕУ за Косовското
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека може да се очекува „заеднички притисок на ЕУ и САД“ врз Србија во врска со прашањето на Косово, јави дописникот на од Белград.
По седницата на Претседателството на Српската напредна партија (СНС), Вучиќ кажа дека на Србија и претстои „тежок период“ во кој, како што оцени, ќе биде изложена на „сите можни притисоци, кампањи и невистини“.
– Важно е да ја разбереме тежината на позицијата во која се наоѓаме сега, особено по промената на американската администрација. Треба да очекуваме концентриран притисок од ЕУ и САД кон Србија да ги исполни барањата за, како што отворено вели Вашингтон, признавањето на Косово, додека ЕУ ќе користи малку поинаков вокабулар, но ќе оди кон истата цел, кажа Вучиќ.
Тој оцени дека ќе има обиди за одземање на надлежностите на властите на Република Српска (РС).
– Кога на тоа ќе го додадете целиот регионален контекст во кој не е лесно да се зачува позицијата на Србија, која економски расте најбрзо … сите други ќе гледаат како да ја прогласат Србија за хегемон, изјави Вучиќ.
Тој кажа дека се разговарало и за најавената посета на Мирослав Лајчак на Србија и дека се направени заклучоци за тоа „што може да стори Србија, што сака и што по никоја цена не ни паѓа на ум“, кажа Вучиќ.
Ново на Сител
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници