Вучиќ: Не добив план за Косово, но има некои индикации
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Софија изјави дека добил „индикации, начела и принципи“ за решавање на Косово, во кои постојат „пристојни работи", но и решенија со кои тој не се согласува.
Тој нагалси дека Србија бара компромисно решение што ќе ги почитува не само интересите на Србите од Косово, туку и интересите на Србија, додавајќи дека за тоа ќе говори на сите состаноци во Софија.
На прашање на новинарите дали го добил планот на САД за Косово, Вучиќ одговори дека „доколку има нешто со што би бил задоволен, да има нешто за што може да се размисли за добивање каква било поддршка во домашната јавност, ќе излезев пред граѓаните со тоа".
Вучиќ истакна дека никој не му се заканува нему и на Србија и оти со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел секогаш имал коректни разговори.
- Се работи за политичар кој секогаш коректно ги сосолушува нашите ставови, без оглед на суштинското несогласување околу Косово, рече Вучиќ.
Тој истакна дека Мичел никогаш не му порачал дека ако не го прифати американскиот план, ќе мора да се повлече од власта.
Како што вчера и денес пишуваа белградските медиуми, САД и западните земји доставиле план за решавање на косовскиот проблем до Вучиќ, наведувајќи дека тој бил подобар за Србија од сите претходни, но оти се уште не бил прифатлив за српскиот претседател.
Во составувањето на овој документ, учествувале Мичел, заменичката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Хелга Шмит и претставник на Велика Британија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните