Вучиќ: Наскоро преговори за изградба и на пругата Ниш
Наскоро ќе започнат преговори со европските и руските партнери за изградба на железничката пруга Ниш – Прешево, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој на прес-конференцијата на која претстави големи инфраструктурни проекти оцени дека „е важно Србија да има комплетна железница со Северна Македонија“.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, вицепремиерката Зорана Михајловиќ, пред два дена го дообјасни овој иден крупен инфраструктирен проект на Србија, со кој, покрај модернизацијата на брзата железница од Белград преку Нови Сад до Будимпешта, која ќе биде готоваа следната година, кажа дека Србија следната 2021 година ќе почне со градба и на брза железница од Белград до Ниш, која ќе биде со брзина од 200 километри на час.
– Ова е инвестиција со проценета вредност од две милијарди евра, ќе работиме со кинески партнери, кои имаат големо искуство на вакви проекти. Овде не станува збор само за поврзување на градови, туку за регионално поврзување, бидејќи не постои поважен магистрален коридор од Коридорот 10, истакна српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура.
Ново на Сител
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење