Балкан
17. March 2019 - 15:38

Вучиќ најавува одговорност за сите кои учествуваат во насилства

Српскиот перетседател Александар Вучиќ изјави дека државата не толерира насилство и истакна дека ќе одговараат сите кои учествувале во насилствата за време на синоќешниот упад во РТС.

Вучиќ изјави дека очекува поддршка само од својот народ и не го интересираат реакции на западни амбасади. – Би можеле да размислуваме за одговорност на Небојша Стефановиќ што дозволи да упаднат фашистите Бошко Обрадовиќ и други во РТС. Но, сметам дека Стефановиќ и полицијата мислеле дека имаат работа со одговорни луѓе и дека такво нешто нема да им падне на памет, рече тој.

Вучиќ додаде дека очекува поддршка од својот народ, „а западните амбасади не си ја работат својата работа“ во која тој нема да се меша.