Балкан
15. October 2015 - 13:05

Вучиќ: На Путин му кажав дека стратешкиот пат на Србија води во ЕУ

Српскиот премиер Александар Вучиќ наведе во разговор со германските новинари денеска во Белград дека на рускиот претседател Владимир Путин му посочил дека членството во Европската унија е стратешки пат на Србија.

Зборовите на српскиот премиер од состанокот на Твиер ги објави портпаролот на Европската комисија во Германија, Рајнхард Хонигхаус: „Премиерот на Србија Вучиќ: Му кажав на Путин дека стратешкиот пат на Србија води во ЕУ“.

Премиерот денеска се состана со германските новинари, а на неговиот Твитер налог е објавена фотографија од таа средба со порака: „Со германските новинари за европскиот пат на Србија, економските реформи, регионалната соработка и мигрантската криза“.