Вучиќ: На координираната акција на албанските политичари за Голема Албанија им помага најмалку една странска служба
Европските дипломати се загрижени поради агресивната реторика на Еди Рама и Хашим Тачи која според нив може да го запали регионот. Словачкиот шеф на дипломатијата Мисрослав Лајчак бара од Унијата да превземе активна улога на Западниот Балкан, каде вели тој национализмот е длабоко вкоренет. Во инетрвјуто за Правда тој посочува
Повиците за етнички чисти држави, обединување на народи под заедничко знаме со двоглав орел – дали бел или црн – периодично се повторуваат, исто како и апелите до ЕУ поодлучно да ја прифати улогата на арбитар.
И еврокомесарот Хан предупреди дека изјавите на некои лидери во регионот со кои се бара промена на граници се неприфатливи и контрапродултивни. Но не само Европјаните, туку и регионот се вознемири од изјавите на Тачи и Рама дека Косово и Албанија би требале да се спојат доколку немаат јасна иднина во Европската унија. На ова се надоврзаа и заканите од претседателот на националниот совет на Албанците во Србија, Јонуз Муслиу, дека на новата албанска држава треба да се припојат и Прешево Медвега и Бујановац. Српскиот премиер Вучик во сето ова гледа добро координирана акција на албанските политичари, во што им помага најмалку една тајна служба.Нивна цел е да се даде легитимност на идејата за Голема Албанија така што ке се продлабочи проблемот во Македонија и ке се провоцира Србија.
Според српскиот министер за труд Александар Вулин не е случајно пуштањето на дронот со знамето на Голема Албанија на фудбалскиот натпреват Шкупи и Вардар во Скопје . Тоа е уште еден обид албанските политичари да го промовираат националистичкиот став за Голема Албанија.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар