Балкан
9. November 2016 - 12:40

Вучиќ му честиташе на Трамп за победата

Премиерот на Србија Александар Вучиќ денеска му честиташе на Донлад Трамп за големата победа на претседателските избори во САД, со надеж дека победата ќе придонесе унапредување на билатералните односи меѓу двете земји. 

- Верувам дека на должноста 45 претседател на САД ќе пристапите со посветеноста и одлучноста кои ја одликуваа вашата извонредна кампања. Лидерството, кое го покажавте во таа прилика, претставува силна волја која е неопходна не само на граѓаните на САД, туку и на целиот свет, наведува Вучиќ.