Вучиќ-Мас: Србија е за компромисно решеније со Косово, Германија го подржува дијалогот
– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по средбата со германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, изјави дека Србија е подготвена да го продолжи дијалогот со Приштина, кон кој ќе пристапи конструктивно во желба да се постигне компромисно решение. Хајко Мас порача дека неговата земја е свесна дека процесот на дијалог за нормализирање на односите со Приштина не е лесен, но смета дека тоа би бил придонес што ќе ги развие и економските предности.
-Србија е против замрзнат конфликт, затоа што некој може да го одмрзне. Суштината на напредокот на Албанците и Србите е мирот, кажа Вучиќ.
Тој потенцираше дека за Србија е важно да се исполни досега договореното, пред се, Бриселскиот договор и формирањето на Заедницата на српски општини.
Говорејќи за регионот, Вучиќ истакна дека Србија „ќе игра апсолутно конструктивна улога“, истакнувајќи дека не е заинтересирана за територии на другите, туку за соработка.
Потсетувајќи дека Германија го признала Косово како независно, тој рече дека таа земја е „силно заинтересирана“ за продолжување на дијалогот под покровителство на ЕУ.
Германскиот министер за надворешни работи изјави дека неговата земја е свесна дека процесот на дијалог за нормализирање на односите со Приштина не е лесен, но смета дека тој би бил придонес што ќе ги развие економските предности.
-Ние ја даваме секоја поддршка на тој процес и ги поддржуваме ЕУ и Мирослав Лајчак кои посредуваат во тој дијалог, кажа Мас.
Тој оцени рече дека „во двете земји се формирани влади со стабилно парламентарно мнозинство“ и дека сега е вистинското време да се продолжи со дијалогот за нормализација и да се постигнат резултати.
-Подготвени сме да учествуваме и да придонесеме за тоа. Дијалогот не мора да се ресетира, посочи Мас и истакна дека тоа го рекол и во Приштина и во Белград.
Мас додаде дека секоја земја на Западен Балкан ја одредува својата брзина за влез во ЕУ и затоа се потребни дополнителни напори за реформа во областите на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
-Гледаме колку е успешна Србија во вакцинирањето, тоа се следи во Европа и колку сме поуспешни во тој процес, толку побрзо ќе се вратиме во нормалниот живот, додаде Мас.
Тој кажа дека е потребно што побрзо да се вакцинираат луѓето во ЕУ и Германија и дека неговата земја ќе испрати 650. 000 дози вакцини преку програмата Ковакс до соседните земји и на Западен Балкан.
Мас оцени дека нема причина да не се користи руската вакцина ако се одобри од ЕУ, истакнувајќи дека производителите доцнат со испораките.
-Убедени сме дека можеме да ја надминеме кризата само ако имаме фер дистрибуција на вакцини низ целиот свет, тоа не треба да се комбинира со политичка покорност, кажа тој и повтори дека сите ќе бидат безбедни ако сите се вакцинираат.
Парите од 12 милијарди евра, што е пакет на ЕУ за регионот, нагласи Мас, треба добро да се искористи за економско зајакнување на регионот, Србија и Унијата.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина