Вучиќ: Македонија и Црна Гора се секогаш против нас
Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи го гласањето за прием на Косово во Интерпол, изјави дека не е изненаден како вчера во Дубаи земјите од регионот гласале, наведувајќи ги Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија како земји кои гласале за приемот на Приштина, а Унгарија како пријателска земја која се воздржала.
– Во однос на регионот, немаше изненадување. Црна Гора и Македонија се секогаш против нас … Црна Гора, Македонија, Хрватска, Словенија, Бугарија, секогаш се против нас …, рече Вучиќ во изјавата за ТВ Пинк.
Тој потсети дека, Србија иако ја признала Македонија под нејзиното уставно име, Скопје од друга страна, ја призна независноста на Косово.
– Луѓето се чувствуваа горди, а јас бев смирен и се обидував да ја спуштам топката на земја, бидејќи ние не треба некого да го сметаме за непријател. Тие имаат свои пријатели, и Скопје и Подгорица – во Приштина. На нив Албанците им се искрени пријатели. А нас ни испраќаат јасна порака – вие сте ни второкласни пријатели, помалку важни или помали пријатели. Нашиот одговор на ова е дека ќе имаме најдобра можна соработка, а нивната порака ја прифативме и добро ја разбравме кој им е поблизок и поважен, објасни Вучиќ.
По коментарот на Вучиќ, веднаш со соопштение реагираше министерот за одбрана, Александар Вулин, кој изјави дека Србија треба да го смени својот став кон Македонија и Црна Гора, бидејќи во овие земји нема искрени соговорници колеги ниту пријатели, бидејќи го поддржаа влезот на Косово на Собранието на Интерпол.
– Го повикувам претседателот Вучиќ да го промени својот однос со Црна Гора и Северна Македонија и да им покаже дека пријателството со Србија треба да се заслужи, се вели во соопштението на Вулин.
Тој наведе дека „Црна Гора и Северна Македонија на Собранието на Интерпол го поддржаа влезот на косовските нарко картели во полициската организација. Застанаа на страната на Косово свесни дека со тоа ја навредуваат Србија”.
– Ако немаат храброст да гласаат против, можеа да се воздржат и да покажат дека се грижат до она што на Србија и е мило и што чувствува. Не гласаа Црна Гора и Северна Македонија за Косово, тие гласаа против Србија. Нивните гласови не ја сменија одлуката на Собранието на Интерпол, но треба да го сменат ставот на Србија кон нив”. Претседателот Вучиќ во владите на Црна Гора и Северна Македонија нема чесни соговорници и Србија нема пријатели ” , ја коментираше министерот за одбрана Александар Вулин, одлуката на поранешните републики на СФРЈ да го поддржи влезот на Косово во Интерпол.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња