Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември го отвораат саемот „Винска визија на Отворен Балкан“
Во Белград од 1 до 4 септември 2022 година ќе се одржи првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се организира под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.
Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ на едно место ќе ги собере мајсторите во производството на најдобрите вина и ќе го промовира Балканот како туристичка дестинација, неговата географија и богатство на винските сорти.
„Винска визија на Отворен Балкан“ свечено ќе биде отворена на 1 септември од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, а за 2 септември планиран е и лидерскиот самит.
За време на Саемот посетителите ќе имаат можност да посетат различни тематски дефинирани сали и ќе можат да се едуцираат и да научат сè што сакаат да дознаат за историјата и потеклото на виното, процесот на производство, видовите на вино, конзумацијата и да ги вкусат и да купат некои од најубавите вина на Балканскиот регионот и светот. Составен дел на „Винската визија на Отворен Балкан“ ќе бидат деловните состаноци на излагачите на вино, претставници на водечки трговски синџири и претставници на HORECA индустријата.
Тоа исто така ќе биде можност за сите изложувачи дополнително да ја подобрат соработката, да ги поврзат регионалните вински и сродните индустрии, како и да ги зајакнат деловните партнерства и контакти. Дополнително, за време на Винската визија на Отворен Балкан ќе се одржи и Саем на храна на кој ќе бидат претставени сите најпознати гастрономски специјалитети од овој дел на Европа.
За време на четиридневниот настан ќе се организира меѓународно оценување на виното „Отворен Балкан-вински трофеј“. Вината ќе ги оценуваат 25 меѓународни вински судии од целиот свет, а меѓу нив ќе има дури петмина носители на титулата „Master of Wine“ која е најпрестижна титула во светот на виното.
„Отворен Балкан“ е економска и политичка иницијатива заснована на вредностите на Европската унија, во која членуваат три земји – Албанија, Северна Македонија и Србија. Идејата на оваа иницијатива е да обезбеди поголеми и подобри можности за трговија, размена на работници, студенти и знаење, како и поттикнување на понатамошна ЕУ интеграција, притоа промовирајќи ја богатата култура и традиции на трите земји.
Владата на Република Србија уште еднаш го изразува своето задоволство што Србија е домаќин на овој голем меѓународен саем, што е уште еден доказ за важноста на иницијативата Отворен Балкан, регионалната соработка и натамошниот развој на добрососедските односи.
Ново на Сител
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО