Loading Video...
Свет
1. May 2019 - 19:25

Вучиќ: Косово целосно зависи од Белград

Решавањето на косовскиот проблем не може да биде на штета на други во регионот порача германската канцеларка Ангела Меркел. По самитот во Берлин за земји од Западен Балкан за Српско Косовското , претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува нов состанок во потесен формат во Париз следниот месец за да се најде решение за дијалог. Како предуслов за продолжување на дијалогот со Косово, Вучиќ го повтори ставот и барањето на Белград за укинување на косовските царини на стоката од Србија.

Според него Косово не може да стане консолидирана држава без Србија и дека позицијата на Приштина целосно зависи од Белград, додека Србија е меѓународно призната држава и членка на Обединетите нации. За разлика од него Драган Ѓукановиќ претседателот на српскиот центар за надворешна политика вели иако се сите на исти ставови, јасна е пораката која е испратена во Белград и Приштина дека нема ништо од нивна европска перспектива ако не постигнат заеднички договор. ТОј смета дека треба да се види и реакцијата на САД по самитот во Берлин.