Балкан
8. March 2018 - 15:05

Вучиќ: Компромисот за Косово значи отстапување од максималистичките барања

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Букурешт на средбата со романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека „компромисното решение за Косово бара и двете страни да отстапат од максимилистички барања“.

Тој, истовремено го замоли романискиот претседател да се вклучи во решавањето на овој проблем, сметајќи на романското предедавање со ЕУ од почетокот на 2019 година.

На средбата во Романија, која сеуште го нема признато Косово, српскиот претседател истакна дека Србија не го разгледува признавањето на Косово.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу признавањето на Косово, возврати со контрапрашање - „А што тогаш би бил компромисот. Доколку предлогот е само Србија да го признае Косово, тоа значи дека Албанците тогаш би добиле се, а моето прашање е, што тогаш Србите ќе добијат. Доколку некој ми каже дека „манастирите и црквите ќе бидат заштитени - моето контрапрашање би било - зарем во спротивно би ги палеле или што?“

Според Вучиќ најважно е да се изнајде начин како да му се пријде на овој проблем и истиот да се прикаже во јавноста.

- Мораме да видиме како можеме да најдеме одржливо решение кое би го поттикнало пријателството на двата народа. Подготвени сме да разговараме за сите предлози од која било страна. Постои широк спектар можности во потрага за решение, но потребно е да се најде добра воља. Доколку успееме да го решиме проблемот, тогаш тоа ќе покаже дека се грижиме за иднината на своите народи, доколку неуспееме, тогаш тоа ќе биде уште еден пропуст во низа, наведе Вучиќ, констатирајќи дека „попрво тоа ќе се случи, отколку што ќе се најде некое решение“.

Романскиот претседател Калус Јоханис изјави дека решението за Косово мора да биде фер и одржливо и ја потврди подготвеноста за активно вклучување во решавањето на овој проблем.