Балкан
13. јуни 2016 - 16:33

Вучиќ ја откажа посетата на Брисел и Вашингтон

Стравува ли српскиот Премиер и мандатар за нова влада од државен удар. Оваа дилема ја отвораат српските медиуми, откако Александар Вучиќ викендов без образложение ги откажал посетите на Европската Унија и на САД. Посетата на Брисел, а потоа и на САД, каде требаше да се промовира првиот лет на Ер Србија од Белград до Њујорк, биле подолго време договарани, но во последен момент откажани од српска страна.

Белградска политика пишува дека  Вучиќ решил да ги откаже посетите за време на викендов по телефонски контакти со највисоки претставници на Европската унија. Сепак откажувањето коинцидира и со последните напси на „Информер“ според во ги обвини американскиот амбасадор во Белград, и шефот на Мисијата на ЕУ во Србија, дека се покровители на заговор против Владата и Вучиќ.

Весникот пишува за нивна вмешаност во обиди за радикализација на протестите кои деновиве се актуелни во Србија, особено  поради уривањето на објекти во Белград, каде е планирана изградбата на грандиозниот проект „Белград на вода“. На тие протести Вучиќ е обвинуван за авторитарно владеење и дека ја оддалечува Србија во ЕУ.

Денеска пак во Белград, двајцата амбасадори имаше средба со српскиот премиер, на која искажале силна поддршка на реформите и планот на Вучиќ за Европската унија.