Вучиќ- Ја ценам енергијата на Гренел, но забрзувањето на разговорот со Приштина не оди лесно
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ од Ерусалим потсети дека во Давос разговарал со американскиот советник за безбедност Ричард О’Брајан, изјавувајќи дека О’Брајан и Гренел „покажуваат голема енергија“ и дека секое подобрување на ситуацијата во односите со Приштина е важно за Србија.
Како што истакна Вучиќ, Гренел во пресрет на посетата на Белград особено зборува за економијата.
-Ќе зборуваме за сè. Бесмислено е да се зборува за воздушниот сообраќај без да може да се транспортира стоката, кажа Вучиќ, осврнувајќи се на Косовските такси врз српските стоки.
-Секое подобрување на работите е важно за нас. Особено бидејќи Гренел инсистира на економија. Јас секогаш сум многу внимателен, но ја почитувам намерата и енергијата на Гренел. Наше е да се обидеме да ги отстраниме бариерите – кажа Вучиќ, кој оцени дека доколку стоките се превезуваат само со авион, ќе има пет карго-авиони на дневна основа.
Тој рече дека отстранувањето на сите бариери помага и дополнително ја зајакнува српската економија, како и на другите земји.
„Продолжување на дијалогот, укинување на таксите, економската соработка, со кратки рокови и конкретни резултати ќе бидат теми на утрешната средба на Вучиќ и Гренел во Белград“, оценуваат медиумите во Србија.
Специјалниот претставник за претседател на САД, Гренел, од средата престојува во Приштина, каде се состана со косовскиот претседател Хашим Тачи. Откако разговараше со него, тој рече дека мора да се постигне напредок, што вклучува укинување на таксите.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд