Вучиќ: Имавме контакти со Албанците, ќе ги решиме проблемите
Српскиот премиер Александар Вучиќ верува дека проблемите во односите на Белргад со Приштина ќе бидат решени на мирен, рационален и разумен начин и истакнува дека оклопни возила не се дел од решението, јави ТАНЈУГ.
– Имавме посебни контакти со Албанците во Косово, и верувам дека сите проблеми ќе ги решиме на мирен, рационален и разумен начин, изјави Вуќчиќ во Давос.
Тој додаде дека оклопните возила и нишаните не водат кон ништо и не се дел од решението.
Вучиќ наведе дека ако нема за нешто пишан договор тоа не е пречка да се почитува устниот договор.
– Во Брисел има само два договора во пишана форма, двапати нешто потпишувавме, а се останато е устен договор. И за мостот во Косовска Митровица и за Телеком, се до конечно парафирање, се е во устена форма, потенцира Вучиќ.
Тој додаде дека е уверен оти Србија ќе остане стабилна и цврста и тоа ќе значи и економски успех и подобар животен стандард.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата